Преговори за иранската нуклеарна програма

Денеска во Швајцарија продолжуваат преговорите за контроверзната иранска нуклеарна програма. Шесте светски сили и Иран се соочуваат со крајниот рок 31 март да постигнат рамковен договор за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран во замена за олеснување на меѓународните санкции. Денеска во Лозана ќе се сретнат американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф. Министрите од другите земји кои учествуваат на разговорите се очекува да им се приклучат во текот на денов.