Ашрав Гани им се заблагодари на Американците

Авганистанскиот претседател Ашрав Гани им се заблагодари на САД за нивната инволвираност, како што рече, во најдолгата странска војна во историјата на Соединетите држави. „Им должиме голем долг на 2.315 мажи и жени кои беа убиени и на повеќе од 20 илјади кои беа повредени во служба на вашата и нашата земја“, рече Гани пред Конгресот на САД. Белата куќа вчера објави дека ќе го запре повлекувањето на американските трупи од Авганистан, одржувајќи 9.800 трупи до крајот на 2015 година. Тој исто така му се заблагодари на Вашингтон за развојот и за и другите видови помош за Авганистан. Гани исто така групата на Исламската држава ја нарече „ужасна закана“ за земјите од Западна и Централна Азија, додавајќи дека борци на ИД веќе се испратени во Авганистан да ја тестираат пропустите на земјата.