Лидерите на Франција, Германија и Шпанија пристигнаа на француските Алпи

Лидерите на Франција, Германија и Шпанија пристигнаа на француските Алпи на местото каде се урна авионот на Германвингс при што загинаа 150 луѓе. Франсоа Оланд, Ангела Меркел и Мариано Рахој денеска летаа над местото на несреќата, пред средбата со спасувачите. Ербасот А320 кој полета од Барселона кон Диселдорф се урна на 24 март по осум минути спуштање. Црната кутија беше пронајдена меѓу урнатините. Шефот на Луфтханза изјави дека екипажот на Ербасот А320 на Германвингс, што вчера се урна на Алпите, не испратил сигнал за помош и дека екипажот не одговорил на очајните обиди за контакт од контролата на земја.