Киргистан спречи Таџикистанци да се приклучат на ИД

Киргистанските власти соопштија дека спречиле неколку таџикистански државјани да се приклучат на милитантите на Исламската држава. Киргистанскиот Државен комитет за национална безбедност соопшти дека тројца таџикистански државјани кои имале деца со нив, биле запрени од страна на киргистанските безбедносни служби во јужниот град Ош. Таџикистанците им рекле на киргистанските власти дека планираат да патуваат од Ош до Истанбул и потоа да преминат во Сирија и да се борат заедно со исламистите на Исламската држава против владините сили. По сослушувањето таџикистанските државјани биле вратени во нивната земја.