Оштетена е црната кутија на авионот на Германвингс

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казаневе, денеска изјави дека црната кутија најдена во остатоците од авионот на Германвингс, кој се урна во Алпите, е диктафонот од пилотската кабина. Казаневе рече дека кутијата е уништена, но оти може да биде употреблива за да се дознаат информации за причините за вчерашниот пад на Ербасот А320 во планините, при што загинаа 150 луѓе. Тој рече дека инспекторите не отфрлаат ништо, но додаде дека нема причини да се сомневаат во тероризам. Истражувачките тимови продолжуваат со работа во областа каде авионот се урна, а остатоците од авионот наводно се расфрлани на широк простор. Француската полиција соопшти дека никој не преживеал на местото на несреќата, кое се наоѓа на две илјади метери надморска височина и оти ќе бидат потребни денови да се вратат остатоците од жртвите, поради тешкиот терен, снегот и најавените бури. Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Мариоано Рахој треба денеска да го посетат местото.