Русија го зголемува военото присуство на Арктикот

Русија вклучи кучиња за влечење санки како дел од своите напори за силно воено присуство на Арктикот. Портпаролот на Воената академија на далечниот исток на земјата денеска рече дека кадетите сега учат како да ги одгледуваат и да ги употребуваат кучињата како дел од тренингот за операциите на воените сили на Арктикот. Александар Гордеев рече дека обуката се случува за прв пат во историјата, но дека курсот за работење со кучињата и употребата на санките ќе стане стандарден во академијата. Гордеев рече дека академијата употребува кучиња од расата хаски и дека истата раса кучиња ќе им биде доделена и на вените единици во северниот дел на земјата. Русија ги надградува нејзините сили на далечниот север, каде неодамна спроведе воени вежби.