Руски пратеници го предупредија САД да не ја вооружува Украина

Провладините руски пратеници велат дека рускиот Парламент би требало да му ги врати формалните овластувања на претседателот Владимир Путин да испрати трупи во Украина, доколку САД му обезбеди на Киев смртоносно оружје. Пратениците зборуваа денеска, еден ден откако американскиот Претставнички дом ја одобри резолуцијата која го повикува претседателот Барак Обама да и обезбеди на Украина смртоносно оружје за да може да се одбрани од руската агресија. Пратеникот од партијата Праведна Русија, Михаил Јемелјанов, во Парламентот рече дека „доколку САД почне да доставува смртоносмно оружје за Украина, ние треб отворено да возвратиме со оружје и да го вратиме правото претседателот да испрати трупи во украинска територија.“