Во Србија, 16 години од бомбардирањето врз поранешна Југославија

српскиот премиер Александар Вучиќ

Во Србија денеска се одбележува 16 годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз тогашната Сојузна Република Југославија. На централната манифестација која ќе се одржи во Белград ќе присуствува и српскиот премиер Александар Вучиќ. Нападите на НАТО траеја 11 недели и во нив, според разни проценки загинале над илјада луѓе, а биле оштетени голем број згради и инфраструктурни објекти.