Обвинети двајца функционери од украинскиот град Днипропетровск

Претседателот на украинската служба за безбедност (СБУ), обвини двајца заменици на гувернерот на источниот регион Днипропетровск за опструкција на правдата и финансирање на криминални групи. Валентин Налваиченко денеска за новинарите во Киев изјави дека замениците на гувернерот, Хенадиј Корбан и Свјатослав Олиник со вооружени групи им се заканувале на инспектори на СБУ во обид да запрат истрага за организиран криминал во Днипропетровск. Налваиченко додаде дека вооружени групи кои го окупирале седиштето на главната украинска нафтена компанија, се поврзани со криминални групи во Дниепропетровск. Налваиченко истакна дека претседателот Петро Порошенко наредил разоружување на групата.