Заев - Груевски е вистинскиот сопственик на имотот на Водно

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска објави нови нелегално снимани телефонски разговори, кои, како што рече, докажуваат дека премиерот Никола Груевски е вистинскиот сопственик на имотот на Водно, за кои тој тврдеше дека не е вистина. На денешната прес-конференција во партиското седиште во Скопје, Заев презентираше разговори меѓу Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои тие разговараат за спорните парцели за кои беше потребна промена на ДУП-от и на ГУП-от, односно земјиште од Парк-шумата Водно да се пренамени во градежно.

Овие разговори покажуваат дека Груевски го демантира Груевски, рече Заев.