МОК ја оценува Кина за домаќин на зимската Олимпијада во 2022 година

Комисијата за евалуација на Меѓународниот олимписки комитет, започна петдневна инспекциска посета во Кина, која се натпреварува со Казахстан за домаќин на Зимските олимписки игри во 2022 година. Комисијата ќе провери 19 објекти и придружни објекти и ќе го оцени транспортот и инфраструктурата во Пекинг и во градот Жангџијаку, кои конкурираат да бидат домаќини на на Олипмиските игри. Во февруари, Комитетот го проверуваше казахстанскиот град Алмати, а домаќинот ќе биде избран на 31 јули. По контроверзниот анти-геј законот усвоен во Русија пред одржувањето на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, Меѓународниот олимписки комитет воведе клаузула за антидискриминација во договорот со градовите домаќини. Владите на земјите домаќини исто така се обврзани да ги заштитуваат човековите права, трудот и животната средина. Кина беше критикувана за прашања поврзани со заштитата на човековите права за време на подготовките за Летните олимписки игри во 2008 година, а Казахстан е критикуван од страна на групите за човекови права.