Путин го одликуваше Лавров со медал за заслуги

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му додели висок државен медал на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, за заслуги во неговата 10-годишна служба како највисок дипломат во земјата. Путин пред два дена го потпиша декретот, на 65-тиот роденден на Лавров, кој од 2004 година е министер за надворешни работи на Русија. Лавров кој е дипломат и поранешен амбасадор во Обединетите нации, стана прв човек на руската дипломатија во првиот мандат на Путин, потоа во времето кога претседател беше Дмитрија Медведев од 2008 – 2012 година и откако Путин повторно се врати во Кремљ. Русија се соочува со санкции и осуда од Западот поради преземањето на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина.