Украина: сепаратистите го кршат мировниот договор

Украинските власти ги обвинуваат проруските сепаратисти дека приближуваат тенкови, оружје и борци до првата борбена линија и до близок контакт со владините сили во источниот дел на земјата. Советникот во Министерството за внатрешни работи Зоран Шкирјак, во денешното соопштение вели дека 10 до 12 тенкови во текот на ноќта пристигнале во градорт Хорливка, кој е под контрола на бунтовниците и е во близина на првата борбена линија. Тој рече дека „непријателот продолжува да ги концентрира неговите сили во окупираните области Доњецк и Луганск.“ украинската армија во меѓувреме соопшти дека шест владини војници се повредени во последните 24 часа и покрај потпишаниот договор за прекин на огнот од Минск. Од април минатата година, повеќе од 6 илјади луѓе се убиени во украинскиот конфликт.