Русија и се закани на Данска со нуклеарни ракети

Русија се закани дека со нуклеарни ракети ќе стрела врз дански воени бродови, доколку Копенхаген му се приклучи на антиракетниот одбранбен систем на НАТО. Рускиот амбасадор во Данска Михаил Ванин за еден дански весник рече дека евентуалниот таков чекор на Копенхаген ќе ги наруши односите меѓу двете земји. За данскиот министер за надворешни работи Мартин Лидегард ваквите оценки на рускиот амбасадор се неприфатливи, наведувајќи дека Русија добро знаела оти антиракетниот систем на НАТО не бил насочен против Русите, туку против Иран.