Републиканецот Тед Круз најави трка за претседател на САД

Републиканскиот сенатор Тед Круз

Републиканскиот сенатор Тед Круз најави дека ќе учествува во трката за претседател на Соединетите држави. Со тоа се потврдија очекувањата дека 44 годишниот сенатор од Тексас ќе се бори да влезе во Белата куќа. Тој всушност е и првиот поголем кандидат кој најавува дека ќе учествува во претседателската трка во 2016 година. Во наредниве неколку недели се очекува тоа да го сторат и десетина други кандидати. „Ќе треба нова генерација на храбри конзервативци за повторно да ја направат Америка голема“, порача Круз.