Авганистан и САД имаат заеднички интереси

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани на почетокот на официјалната посета на Соединетите држави изјави дека Вашингтон и Кабул имаат заеднички интереси во борбата против опасноста од екстремистите. „Секојдневно се соочуваме со опасност и ако, не дај Боже не надвладеат, тогаш ќе го загрозат целиот свет“, изјави Гани за Си Ен Ен. Тој им оддаде признание на американците во Авганистан за време на војната против талибанците. Авганистанскиот претседател, како што е предвидено, треба да има обраќање и пред двата дома на Конгресот.