ОН го осудија насилството во Јемен

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди насилното преземање на Јемен од страна на вооружени милитанти кое продолжува и покрај поранешната резолуција со која се повикуваат да ги прекинат борбите и да го продолжат дијалогот. Во најновото соопштение се наведува дека Советот бил подготвен да преземе дополнителни мерки против секоја страна која го попречува патот кон мирот во Јемен. Според оценките, Јемен бил на работ на граѓанска војна која би можело да боде долгорочна како конфликтите во Ирак, Сирија и Либија.