ММФ: Пекинг може да придонесе за глобалниот економски развој

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард денеска оцени дека економското закрепнување на Кина е легитимно и дека Пекинг може да придонесе за глобалниот напредок. На отвпрањето на Кинескиот развоен форум во Пекинг таа и оддаде признание на Кина за нејзината работа во изградбата на правниот систем и борбата против загадувањето. Таа додаде дека ги поздравува напорите на Кина да ги зголеми инвестициите во странство, алудирајќи на новата Азиска инфраструктурна инвестициона банка, која ја предводи Кина.Кинескиот вицепремиер Џанг Гаоли на форумот истакна дека заштитата на животната средина и одржливиот развој се приоритети на неговата земја.