Јахјага: Наша цел е интеграција во ЕУ

Косовската пртседателка, Атифете Јахјага, обединувањето со Албанија го гледа како идеа од минатиот век.Таа вели дека Косово сега единствено цели кон интеграцијата во ЕУ. На прашањето од швајцарскиот весник Тагблат околу тоа како гледа на отворено искажаната желба на многу млади Косовци за една голема албанска држава,во која ќе биде и Косово, Јахјага изјави дека земјата сега има други амбиции.

- Сега живееме во 21 век и не е време да се реализираат идеи од минатиот век. Целта на Косово и на сите негови жители е интеграција во ЕУ, изјави Јахјага.

Претседателката Јахјага при официјалната посета на Швајцарија за медиумите зборуваше и за масовната миграција на косовските граѓани ,како и за другите предизвици на новата држава. Таа призна дека е вистина оти последните месеци Косово има проблеми со нелегалната емиграција,но според неа тоа е не само проблем на Косово,туку на целиот регион.