Митинг на Златна зора во Атина

Илјадници грчки граѓани денеска му кажаа „Не на расизмот против Грците“, на масовниот протестен митинг организиран во Атина од екстремно десничарската „Златна зора“, јавува агенцијата АНА-МПА. На митингот „Златна зора“ му се противстави на, според неа, „расизмот без преседан“ против Грците и инсистираше на тоа татковината да им се врати на Грците. Таа побара да се најде сериозно решение на главното прашање во земјата- нелегалната имиграција, кое ја крие „реалната закана за нацијата и општеството“. „Златна зора“ повика и на примена на законите и Уставот и на враќање на нелегалните имигранти во нивните земји. И покрај засиленото полициско присуство, илјадници Грци дојдоа на митингот и ги поддржаа овие барања. Претставник на партијата го оспори новиот антирасистички закон, бидејќи, според него, тој бил насочен против самите Грци.