Реакција на СОНК до Наставничкиот пленум

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) во врска со денешниот протест на Наставничкиот пленум побара образованието да не се политизира и смета дека напаѓањето на неодамна постигнатиот договор меѓу СОНК и МОН е обид за дневно-политички поени.

- Сите коишто се вклучени во образованието, а најмногу учениците, студентите и наставниците треба да се спротивставуваат на секој обид за нивно користење во дневно-политички потреби на политичките партии. На споменатиот протест без никаков аргумент и со јасна намера во негативен контекст е нападната и неодамнешната Спогоба помеѓу СОНК и МОН. Го отфрламе обидот за дневно-политички поени и остануваме цврсто на ставот дека Спогодбата во целост ќе биде применета, пишува во дописот на СОНК до медиумите.

СОНК наведува дека Спогодбата е резултат на сложени и сериозни преговори помеѓу СОНК и МОН, а врз основа на барања прифатени од страна на најголемиот дел од огромното членство на СОНК.