Статус кво во разговорите за иранската нуклеарна програма

Велика Британија, Франција, Германија и САД го потврдија своето "единство на целта" во разговорите за нуклеарната програма на Иран, велејќи дека Исламската република мораше да се преземе "тешки одлуки." Највисоките дипломати на западните сили вчерасе состанаа во Лондон, за да разговараат за напредокот во преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма. Во заедничка изјава по состанокот, британскиот секретар за надворешни работи, Филип Хамонд изјави: " Ние се согласивме дека е постигнат значителен напредок во клучните области, иако се уште има важни прашања за кои договор уште не е можен." Делегатите од Иран и шестте светски сили ја поминаа изминатата недела во Швајцарија во обид да постигнат договор за намалување на нуклеарната програма на Техеран во замена за ослободување од економски санкции. Рамковниот договор треба да заврши до 31 март, а конечниот договор на 30 јуни. Иран инсистира дека неговите нуклеарни активности се исклучиво за мирољубиви цели, но западните земји стравуваат дека би можел да биде покритие за производство на нуклеарно оружје.