Реал против Атлетико во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Во четвртфиналето од годинашново издание на Лигата на шампионите ќе се сретнат градските ривали од Мадрид, Атлетико и Реал, кои минатата година играа во финалето. Денеска во Нион беа извлечени и останатите четвртфинални двојки: ПСЖ ќе игра против Барселона, додека Јувентус ќе биде домаќин на првиот дуел против Монако. Во последниот дуел Баерн ќе игра против Порто. Првите натпревари ќе се играат на 14 и на 15 април, а реванш дуелите на 21 и на 22.април.