Германија го осуди договорот меѓу Русија и Јужна Осетија

Германската влада ја осуди Русија за потпишувањето на новиот договор со отцепениот грузиски регион Јужна Осетија. Портпаролот на германската влада Кристијан Вирц денска соопшти дека потпишувањето на договорот е закана за грузискиот суверенитет и територијалниот интегритет и зајакнување на загриженоста на Тбилиси за притаена анексија од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин и сепаратистичкиот лидер Леонид Тибилов на 18 март потпишаа договор за „сојуз и алијанса“ во Москва.