САД ќе тренираат украински гардисти

Пентагон соопшти дека околу 290 американски падобранци во идниот месец ќе заминат во западна Украина за да тренираат три баталјони на украинската национална гарда. Не е соопштено колку ќе трае тренингот што ќе го водат американски војници кои сега се стационирани во Италија.