ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да и наштетува на државата

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, наведувајќи дека е се поочигледно дека тој покажува оти се наоѓа во политички хаос и како што велат, од една страна е притиснат од големите најави и од друга страна од нереализираните ветувања и ефекти кажани пред неговото членство.

„Дополнително, Зоран Заев е оптоварен со истражните постапки што се водат против него за криминално и незаконско однесување, па продолжува да одработува за туѓите интереси и се надева дека од оваа каша, во која сам влезе со противзаконски дејства, некој друг ќе го спасува. Покрај тоа, Зоран Заев мисли дека тоа што тој самиот е во каша е оправдувавање да ги вовлече сите други со себе, целата своја партија па и целата држава, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Заев продолжува да и наштетува на државата и оти тоа го прави свесно, само за да се обиде да им го намали значењето на своите криминални и незаконски постапувања и дека конструкции и монтажи нема да го спасат Зоран Заев од самиот себе и од своите криминали.

„ВМРО-ДПМНЕ ја потсетува јавноста на денот кога во Собранието на Република Македонија по партиски список од кадровските комисии на СДСМ беа избрани 617 судии и уште стотина јавни обвинители. „Да потсетиме само на Ленче Софрониевска, фамилијата Медарски, мајката на Каролина Астеруд, Дане Илиев, Бранко Наумовски, Лилјана Ингилизова и уште многу други што беа бирани заради тоа што беа сопруги, деца, кумови, родители, бизнис партнери и партиски членови на СДСМ. Истите тие судии од СДСМ го водеа процесот на приватизации и стечаи на стотици фирми при што 200.000 луѓе останаа без своите работните места“, се наведува во соопштението.