Советот за безбедност на ОН ќе заседава за Крим

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница зад затворени врати за ситуацијата на Крим. Русија пред една година ја анектираше украинската територија, потег кој беше осуден и отфрлен од поголемиот дел од меѓународната заедница. Спорет новинската агенција ТАСС, Москва нема да учествува на неформалната сесија иницирана од Литванија, бидејќи ја смета за контрапродуктивна и провокативна. Меѓу оние кои ќе се обратат на седницата ќе биде и признатиот лидер на националното движење на кримските Татари, Мустафа Џемилев, кој рече дека луѓето на Крим живеат и преживуваат во страв. Рускиот претседател Владимир Путин, анексијата на Крим ја опиша како потег кој треба да ги заштити Русите на Крим и да ги врати историските корени на нацијата.