ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува туѓо сценарио за да дојде на власт

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на прес-конференцијата на СДСМ, соопштувајќи дека опозициската партија ги повторува своите прес конференции полни со, како што велат, креирани, монтирани, лепени и прелепувани телефонски разговори. „Одработуваат туѓо сценарио само и само да се доберат до власт без поддршка од граѓаните. И денешната нивна прес конференција само потврдува дека во СДСМ немаат никаков концепт. Денес СДСМ одлучил прес конференцијата да ја одржи Панче Орцев, човекот кој е најблискиот бизнис партнер на Зоран Заев и на целиот клан Заеви. Деструктивното сценарио на СДСМ не им поминува кај граѓаните. На сите им е јасно дека СДСМ се обидува без поддршка од народот со директна помош од странски центри да се доберат до власт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.