Над 300 уапсени на протест во Франкфурт против мерките за штедење

Германската полиција соопшти дека над 300 луѓе денеска се уапсени на протестите против мерките за штедење, пред новото седиште на Европската централна банка (ЕЦБ) во Франкфурт. Организаторите на протестите тврдеа дека околу 10 илјади луѓе учествувале на протестот, при што некои од нив фрлале камења, а биле запалени и полициски автомобили. Новата зграда на ЕЦБ беше опколена со бодликава жица и барикади. Движењето „Блокјупај“ кое ги организира протестите, сака да предизвика максимално нарушување пред церемонијата за отварањето на новото седиште на ЕЦБ и да го насочи вниманието врз улогата на ЕЦБ во спроведувањето на фискалната строгост во еврозоната и како што велат од организацијата, врз промовирањето на капиталистичкиот систем.