ЕУ и САД против договорот меѓу Русија и Јужна Осетија

Вашингтон и Брисел го осудија планираниот договор меѓу Русија и сепаратистичкиот регион Јужна Осетија во Грузија кој е поддржан од Москва. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека таканаречениот договор за сојузништво и интегрирање меѓу Русија и Јужна Осетија јасно го нарушува грузискиот суверенитет и интегритет. Тоа, според Могерини, ќе биде уште еден чекор против напорите за зацврстување на безбедноста и стабилноста во регионот. Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека Вашингтон не го признава овој договор, ниту пак сличниот таков документ меѓу Москва и Абхазија, исто така сепаратистички регион во Грузија.