Амнести: на Крим напади врз критичарите на Москва

Амнести интернешнал денеска соопшти дека властите на Крим не покренале истрага за серија напади и тортури врз нивните критичари. Амнести обвинува дека на Крим владее клима на страв меѓу опонентите на власта. Извештајот се совпаѓа со првата годишнина од кога рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на Крим потпишаа договор за припојување на овој украински полуостров кон Русија, што беше осудено од меѓународната заедница. Амнести прецизира дека се уште е непозната судбината на најмалку седум лица кои ги критикувале властите на Крим.