Русија испраќа воена опрема во Калининград и на Крим

Руската армија објави дека ќе испрати стратешки бомбардери на анектираната украинска територија на Крим и ќе распореди напредни проектили на својата територија во Калининград. Руската новинска агенции ТАСС и Интерфакс денес цитираа официјални лица од одбраната како потврдуваат дека Ту-95 и Ту-22М3 стратегиски бомбардери, со способност да носат нуклеарни бомби, биле пратени на Крим, како дел од воените вежби кои се одржуваат низ Русија. Официјалните лица исто така рекле дека проектили од типот „Искендер“ биле пратени во Калининград, кој граничи со членките на НАТО, Полска и Украниа, како дел од воените маневри. Проектилите „Искендер“ имаат опсег од околу 500 километри и можат да бидат опремени со конвенцијални или нуклеарни боеви глави.