Украинскиот парламент одобри закон за посебен статус на бунтовничките области

Украинските пратеници одобрија предлог закон за да им се даде посебен статус на областите кои ги држат проруските бунтовници на истоткот на земјата. Врховната Рада денеска го одобри предлог законот. Текстот на законот дава преглед на границите на одредени области кои се под контрола на бунтовниците, што може да им се додели посебен статус со ограничена самоуправа. Тоа беше клучен дел од договорот за прекин на огнот од минатиот месец во Минск. Законот исто така предвидува областите кои ги држат бунтовниците во Доњецк и Луганск да им биде доделен посебен статус, откако ќе бидат одржани избори во согласност со украинскиот закон и меѓународно набљудување. Русија и бунтовниците вчера остро го критикуваа законот. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека предлозите на пратениците за специјален статус, вклучуваат дополнителни услови кои никогаш претходно не биле дискутирани. Сепаратистичкиот лидер во Доњецк, Денис Пушилин го опиша законот како грубо кршење на договорот од Минск.