Поставени темелите на гасоводот ТАНАП во Турција

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев и грузискиот претседател Гиоги Маргвелашвили, денеска во Турција присуствува на церемонијата по повод почетокот на изградбата на гасоводот „Транс-Анатолија“ (ТАНАП). Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше домаќин на двајцата лидери во турскиот град Карс, каде беа поставени темелите за гасоводот долг 1850 километри. Со гасоводот треба да се донесе гас од полето Шах Денз 2 во Азербејџан, преку постоечкиот гасовод на Кавказот кој поминува низ Грузија до Турција, од каде треба да се поврзе со ТАНАП. Според плановите, кога гасоводот ТАНАП ќе биде готов во 2018 година ќе биде поврзан со „Транс-Атланскиот“ гасовод, за да се донесе гас во Европа. Европската унија го вклучува (ТАНАП) како како една од рутите во проектот „Јужен коридор“.