Атамбаев под притисок поради тајна посета на Молдавија

Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев.

Ненајавената посета на киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев на Молдавија е ставена под лупа. Киргиистанскиот опозициски пратеник Равшан Јинбеков, побара кабинетот на претседателот да ги објасни извештаите во медиумите во Молдавија во кои се вели дека Атамбаев го посетил Кишињев неколку часа на 15 март, каде се сретнал со заменик претседателот на Демократската партија на Молдавија. Следниот ден Атамбаев го посетил Санкт Петерсбуг, каде одржал разговори со рускиот претседател Владимир Путин, кој се појави во јавност после десет дена. Јинбеков побара објаснување зошто Атамбаев не ја објавил својата посета на Молдавија, кои прашања се дискутирани и кој платил за неговото патување со приватен авион.