Парламентарни избори во Израел

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Парламентарни избори во Израел

Денеска во Израел се одржуваат парламентарни избори за кои се смета дека се своевиден референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Последните анкети покажуваат дека неговата десничарска Ликуд партија заостанува зад поумерената Ционистичката унија на Исак Херцог.

Неколку часа пред изборите Нетанјаху изјави дека тој нема да дозволи формирање Палестинска држава ако и по четврти пат ја добие довербата и остане премиер на Израел.

Тој вети дека ќе ја продолжи изградбата на еврејски населби во источен Ерусалим каде што засега мнозинско население се Палестинците. За време на кампањата тој предупреди и против склучување договори со Иран околу контроверзната нуклеарна програма на таа земја.

Нетанјаху кој веќе шест години е премиер долго време беше доминантна фигура на израелската политичка сцена, но во изминативе месеци се сочува со драматичен пад на својата популарност.

Анкетите спроведени пред изборите јасно ставаат до знаење дека неговиот ривал коалицијата Ционистичка унија во која е Лабуристичката партија на лидерот на опозицијата Исак Херцог има голема предност.

Изборите се сметаат за своевиден референдум за политичката иднина на Нетанјаху и неговата тврда политичка линија која доведе до несогласувања со главниот израелски сојузник Соединетите држави.

Херцог го обвини премиерот Нетанјаху дека со безбедносни заплашувања сака да го одвлече вниманието од социјалните прашања во Израел.

Тој најави дека ако дојде на власт ќе го намали јазот меѓу богатите и сиромашните и ќе го зголеми животниот стандард во земјата. Херцог исто така најави дека ќе ги обнови мировните преговори со Палестинците и оти ќе ги поправи односите со Соединетите држави.

Неговата главна политичка партнерка, поранешната министерка за надворешни работи Ципи Ливни пред почетокот на изборите се откажа од договорот да се ротира со Херцог на местото премиер, доколку нивната коалиција победи.

Посматрачите веруваат дека овој невообичаен политички потег не им е многу прифатлив на гласачите.

Изборите се сметаат за своевиден референдум за политичката иднина на Нетанјаху и неговата тврда политичка линија која доведе до несогласувања со главниот израелски сојузник Соединетите држави.

Околу 5 милиони и 880 илјади Израелци со право на глас избираат 120 пратеници во парламентот или Кнесетот.

Првичните резултати се очекуваат во ноќта меѓу вторникот и средата, но конечните, како што соопшти претставник на Изборната комисија, ќе бидат објавени в четврток.

Сепак, со оглед на сложеноста на можните постизборни сојузи, се верува дека новиот премиер на Израел ќе биде познат по неколку денови, а можеби и недели.

Според израелскиот изборен систем, досега ниту една партија нема освоено апсолутно мнозинство во парламентот.

Наместо тоа партијата која има најдобри шанси да формира коалиција, најчесто станува збор за најголемата партија, добива можност и да го стори тоа.