Путин: Ќе биде досадно ако нема шпекулации

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат од 5 март се појави во јавност. Путин денеска се сретна претседателот на Киргистан, Алмазбег Атамбаев во Палатата Константин во Санкт Петерсбург. Осврнувајќи се на шпекулациите за неговото здравје и невообичаено долго отсуство од јавноста, Путин рече: „Ќе биде досадно ако нема шпекулации.“ Атамбаев изјавил дека Путин е во одлична состојба и дека се возеле околу палатата. Во однос на шпекулациите за здравјето на Путин, неговото отсуство ги поттикна гласините за продлабочување на поделбите во руските политички и безбедносни кругови, по убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов на 27 февруари во близина на Кремљ.