Стотици илјади Бразилци на протести против претседателката Русеф

Стотици илјади луѓе во Бразил маршираа во педесетина градови во земјата барајќи оставка од претседателката Дилма Русеф поради нејзина вмешаност во корупциски скандал. Најголем протестот бел во Сао Пауло каде што се собраа над 210 илјади луѓе. Русеф е под критики околу скандалот со плаќање мито во кој е вклучена бразилската енергетска компанија Петробас. Неколкумина раководители на оваа фирма се приведени, додека извесен број членови на Националниот конгрес и екс членови на владата се под истрага за скандалот. Русеф повторно беше избрана за шеф на државата на изборите одржани лани.