Во Санкт Петербург состанок на Путин со Атамбаев

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев пристигна во Санкт Петербург на состанок со рускиот претседател Владимир Путин. Киргистан има намера на 9 мај да стане полноправна членка на Евроазиската економска унија. Средбата меѓу Атамбаев и Путин доаѓа во момент кога се шират гласини дека рускиот претседател кој не се појавил во јавноста од 5 март, бил болен. Кремљ тоа постојано го демантира.