Автобуска несреќа во Бразил, најмалку 49 жртви

Илустрација.

Најмалку 49 лица загинале на 14 март, кога туристички автобус паднал во клисура во јужниот дел на Бразил. Меѓу загинатите се осум деца и 24 жени. Првично извештаите велеа дека загинале 30 луѓе, но бројот на загинати се зголеми преку ноќта додека траеше потрагата по преживеани на тешко достапното место на несреќата, а некои од повредените им подлегнале на повредите во болница.

Во автобусот требало да има педесет луѓе, но властите сметаат дека бројот на патници е повисок од тоа. Десет лица се наоѓаат во болница, но нема достапни информации за нивната состојба. Околу 43 илјади Бразилците гинат во сообраќајни несреќи годишно.