Напади врз цркви во Пакистан, 14 жртви

Најмалку 14 лица загинале во експлозии во близина на две цркви во христијанска населба во пакистанскиот град Лахоре, соопштуваат локалните медиуми и болнички извори. Во експлозиите исто така се повредени најмалку 55 луѓе. Нападите се случиле во време кога во областа присуствувале многу луѓе на неделна миса. Христијанска заедница во Пакистан често е цел на милитанти. Огранокот на пакистанските Талибанците ја презеде одговорноста за нападот. Сведоците велат дека бомбаши-самоубијци се одговорни за нападите, но засега нема потврда од полицијата.