Ирачката војска ги опколи позициите на ИД во Тикрит

Ирачките сили со гранати и ракети ги нападнаа милитантите на Исламската држава во Тикрит. Но, неговото преземањетоденеска е одложено, два дена откако ирачките трупи и шиитската милиција навлегоа во родниот град на Садам Хусеин. Лидерот на шиитската милиција изјави дека на ирачките сили им треба време целосно да го преземат Тикрит, но дека половина од градот е под контрола на владините сили. „Не се брзаме, но имаме план и го следиме“, рече тој. Војската пред 12 дена ја започна офанзивата за заземање на Тикрит, које од јуни 2014 година е под контрола на милитантите на Исламската држава.