СДСМ: Судскиот совет е во партиски раце

СДСМ реагираше на денешниот избор на Бранко Ушковски за претседател на Судскиот совет, наведувајќи дека на тоа место, на предлог на ВМРО - ДПМНЕ, е поставен поранешен правник во Министерството за одбрана. „Со ова, судското тело на чијшто предлог се именуваат и разрешуваат судии, повторно е сместено во сигурни партиски раце. Ова е уште еден доказ за класична партизација и приватизација на институциите во Република Македонија, реагира СДСМ.