Нетанјаху се плаши дека ќе ги загуби изборите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека постои реален ризик да ги загуби парламентарните избори, што треба да се одржат за неколку денови. „Нашата безбедност е во голема опасност бидејќи ризикот да ги загубиме изборите е реален“, изјави тој во интервју за весникот „Џерусалим пост“. Неодамна објавените резултати од анкетите покажуваат дека опозициската Ционистичка унија е во предност пред владејачката десничарска партија Ликуд на премиерот Нетанјаху. Ционистичката унија ја чинат Лабуристичката партија на Исак Херцог и партијата Хатнуа на екс министерката за правда Ципи Ливни.