Построга контрола на границите на Шенген

Министрите за внатрешни работи на Европската унија на состанокот во Брисел донесоа одлука за значително построга контрола на документите на патниците на границите на Унијата и на влегувањето во Шенген зоната. Тоа, како што е соопштено, е со цел сузбивање на тероризмот и на зголемениот прилив на илегални имигранти од Западен Балкан. Во документот од седницата се наведува дека на спектакуларен начин се зголемил бројот имигранти од Косово и оти унгарските власти соопштиле дека тие се една третина од сите лица кои илегално влегле на нејзина територија.