Обвинителот на САД го осуди нападот врз полицајците во Фергусон

Американскиот државен обвинител Ерик Холдер, нападот врз двајцата полицајци во градот Фергусон го нарече неоправдан и одвратен. Во Фергусон од август се присутни тензии, откако полицаецот Дарен Вилсон го застрела невооружениот црн тинејџер Мајкл Браун. Убиството предизвика протести низ целата земја поради прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, особено кон црните луѓе. Вчера еден полицаец беше застрелан во лице, а друг во рамото во моменти кога протестот пред Одделот на полицијата во Фергусон беше растурен по оставката на шефот на полицијата.