ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски го копира Заев

ВМРО - ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, соопштувајќи дека со емитување на креирани, монтирани, лепени и прелепувани разговори, Андреј Жерновски го копира Зоран Заев. „И Заев и луѓето околу него се прочитани од граѓаните. Веќе и на најсилните поддржувачи на СДСМ им е совршено јасно дека ова сценарио за дестабилизација ќе заврши како лош спомен за штетно и срамно однесување против интересите на својата држава и своите граѓани на неколку луѓе во врвот на опозицијата, се вели во реакцијата.