Шефот на полицијата во Фергусон поднесе оставка

Томас Џексон, шеф на полицијата во Фергусон, предградие на Сент Луис, поднесе оставка по извештајот на американското министерство за убиството на 18 годишното црно момче Мајкл Браун од страна на белиот полицаец Дарен Вилсон. Џексон претходно ги одбиваше барањата за оставка поради неговото справување со ситуацијата по убиството на Браун во август минатата година. Убиството предизвика големи протести во земјата.