Заев на распит пред Обвинителството

Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев денеска даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за случајот „Пуч“. „Денеска нема да ги коментирам разговорите во обвинителството, заради тоа што сакам да останам на тоа што го зборувам, да го почитувам процесот“, изјави Заев. Тој изјави дека нема да го користи правото на молчење и напомена оти се надева дека „поединци во Јавното обвинителство и судството ќе се одважат да судат и да носат одлуки исклучиво по закон и Устав.

Во однос на новото кривично дело против него за примање поткуп, Заев рече дека ќе достави кривична пријава од негова страна за осмислено нудење поткуп и осмислено договарање за местење поткуп. За последното соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека презентира монтирани, сечени и лепени материјали, Заев наведе оти „секој објавен документ од првата до последната буква, и секој изговорен збор од првиот до последниот во секој објавен разговор е вистина“