Меркел одби да присуствува на Денот на победата во Москва

Германската влада соопшти дека канцеларката Ангела Меркел нема да присуствува на парадата на Денот на победата на 9 Мај во Москва, но дека ќе ја посети Москва следниот ден. Владиниот портпарол соопшти дека Меркел денеска ја одбила поканата да присуствува на парадата на Црвениот плоштад по повод одбележувањето на 70 годишнината од предавањето на нацистичка Германија. Портпаролот соопшти дека Меркел планира да ја посети Москва на 10 мај, за да положи венец на Гробот на непознатиот војник пред Кремљ, заедно со рускиот претседател Владимир Путин кој се согласи за планот. Русија на 9 мај го одбележува крајот на Втората светска војна во Европа, дедека западните сојузници на тогашниот Советскиот Сојуз го одбележуваат еден ден порано, на 8 мај. Се очекува неколку западни лидери да присуствуваат на парадата поради сериозните тензии во источна Украина.